Повторно гужви и три колони на ГП „Богородица“

од Nikola Popovski
648 прегледи

Поради зголемена фреквенција на возила, повторно долги колони и чекање на граничните премини „Табановце“ и „Богородица“, информира Авто мото сојузот на Македонија. Оттаму не даваат подетални информации колку време е потребно за да се преминат границите, туку само е објавено дека „се бележи поголем интензитет на сообраќај“.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Според она што може да се забележи од камерите на ЈПДП, има три колони со возила на ГП „Богородица“.

Вчера на граничниот премин „Евзони“ на влезот во Грција се создаде огромна гужва. Како што информираа туристите и патниците, „паднал“ компјутерскиот систем на грчките гранични власти. Се чекало и до три и пол часа за влез кај нашиот јужен сосед.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Слични содржини