Повторно имаме недостиг на инсулин, алармираат од СЗДМ

од Nikola Popovski

Повторно ни се случува недостиг на инсулинските терапии Ryzodeg, Ozeмpik и Rybelsus за пациентите со дијабетес, алармира Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија.

Заради ревидирање на количините на Ryzodeg, согласно количините предвидени во реализација на тековниот тендер, се делат само останати количини по бројка, за сите други пациенти треба да се консултираат со своите специјалисти – ендокринолози/дијабетолози и заеднички направат вистински избор за замена на инсулинска терапија, одговориле од Министерството за здравство на прашање од СЗДМ.

Како што соопштија од СЗДМ, се појавува недостиг на терапија Ozeмpik i Rybelsus, дека побаравме информација од Министерството за здравство со чиј одговор, во моментов не мислислме дека е реален и продолживме со консултација со компаниите. Нашите информации говорат дека има терапија, за сите постојни пациенти до потпишувањето на договорот за набавка и планираните дополнителни количини, но за жал не сите и секој ја добива континуирано и навремено. Затоа ќе споделиме дополнителен став за состојбата со овие терапии.

Од здружението велат дека моменталната состојба само ги потврдува нивните долгогодишни барања за промени во моделот на достапност на терапија и помагала со отворен пазар и воведување референтни цени.

-Ние сакаме сериозно да го подигнеме квалитетот на животот на лицата со Дијабетес, со конкретни мерки и активности од државата. Затоа апелираме на сериозност на Министерството за здравство и транспарентно да се делува и навремено да имаме информации во тековниот период, се вели во соопштението.

Слични содржини