Повторно лажна пријава, трет ден по ред се евакуираа средношколци

од Берта Китинска
301 прегледи

Од МВР информираат дека денеска во СВР Скопје околу 14 часот е пријавено дека на меил адресa на едно училиште во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа.

-Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и антитерористички проверки, при што е утврдено дека станува збор за лажна пријава. Превентивно се евакуирани и други училишта во Скопје и во тек се детални проверки и на овие објекти, велат од МВР.

Дојавите за бомби се смислено сценарио од некого,имаме трага од сторителите, ова е монструозен чин за најстроги казни, кажа во вестите на Канал 5 е минситерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

-Oва е одредено сценарио, истрагата треба да покаже кои се причините. Се истражуваат кои се индициите дали се хибридни напади, политички или бизнис причини.Ние ги имаме мејловите и податоците од каде се пратени одмие брзо со ваа постапка, кажа Спасовски.

Денеска ученици од скопската гимназија „Никола Карев“ им било кажано да ги напуштат просториите, информираа од таму за „Локално“.

Слични содржини