Повторно метеж на „Богородица“, пуштени се три ленти

од Nikola Popovski
113 прегледи

И денеска гужви на најфренквентните гранични премини во државата – „Богородица“ и „Табановце“. Уште од рано утрово, возила се упатени кон соседна Грција, а сликата од граничниот премин е три ленти и колони со автомобили, како и една лента за транзит на камиони.

Од АМСМ нема информации колку се чека за излез од Македонија, освен дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

-Карактеристично за летниот период, на ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез од државата, се бележи зголемена фреквенција на возила. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, порачуваат од АМСМ.

За разлика од денес, вчера имало километарски колони за влез во Македонија од Грција, токму на граничниот премин „Евзони“. Според информациите од граѓани кои биле на преминот, задржувањето било повеќе од два часа.

Зголемениот проток на возила на граничниот премин со Грција е вообичаен за овие денови, во екот на годишните одмори.

Слични содржини