Повторно нападнат возач на ЈСП додека управувал со автобус

од Nikola Popovski
49 прегледи

Нов напад на возач на автобус на ЈСП Скопје. Немилиот настан се случил пред два дена на подрачјето на скопски Центар.

-Во 14:15 часот 47-годишниот Е.Х. од Скопје во полициска станива пријавил дека половина час претходно во 13.45 часот додека управувал со автобус на ЈСП на подрачјето на Центар по претходно недоразбирање бил физички нападнат од Б.Џ.(33) од Скопје, велат од МВР.

Од полицијата додаваат дека по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Во изминатиот период забележани се бројни напади врз возачи во јавниот градски превоз од страна на патници.

Слични содржини