Министерството за финансии денеска ќе побара нов заем од домашните кредитори со скоро 9 милиони евра, колку што доспеваат за отплата на долгови

Министерството за финансии денеска организира аукција на дежавни хартииод вредност за кои бара 8,8 милиони евра.Ќе бидат понудени државни обврзници во вредност од 1,6 милиони евра кои треба да се вратат за 15 години и државни записи за вкупно 7,2 милиони евра со рок на отплата од 12 односно 6 месеци. По одржување на аукцијата, односно утре, за враќање стасува исто толкава сума односно 8,8 милиони евра.
Дали и денеска ќе се надмине планираната сума на задолжување, ќе се знае по завршување на аукцијата. Вкупниот јавен долг на Македонија изнесува 43,9 отсто од БДП.