Во Основниот суд Скопје 1 требаше да почне повтореното судење против очниот хирург Дејан Ставриќ, но истото е одложено поради НЕУРЕДНА ДОСТАВА.
107
Процесот се враќа на првостепено одлучување откако Апелација ја усвои жалбата на одбраната и ја укина првостепената пресуда против Ставриќ поради суштествени повреди и неутврдена фактичка состојба. Во исто време, второстепениот суд достави и упатства по кои првостепениот суд треба да го спроведе судењето.
Во мај лани, Основниот суд донесе пресуда од една година затвор за Ставриќ, откако за само едно рочиште Судскиот совет успеа да ги сослуша обвинетиот и сведоците, да ги разгледа доказите, и да донесе пресуда.
До правосилноста на пресудата, тој се бранеше од слобода, а неговата одбрана ја обжали пресудата. Ставриќ се товари за примање мито од две илјади евра за да посредува при добивање инвалидска пензија. Новото рочиште е презакажано за 23 април.
