221
Падна кран од зграда во изградба во Кавадарци, нема повредени, има материјална штета, потврди Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.
Тој потврди исто така дека се работи за истата зграда, каде што пред извесен период исто така падна кран, а тогаш загинаа две лица.
На 5-ти јули минатата година две лица починаа при пад на кран. Од Основното јавно обвинителство во Кавадарци тогаш соопштија дека несреќата се случила на локација каде се гради зграда.