Повторно погоден нафтоводот „Дружба“, Сијарто вели: „Уште еден напад врз енергетската безбедност на Унгарија“

од Vladimir Zorba
14 прегледи

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, денес изјави дека имало уште еден напад врз нафтоводот „Дружба“, што го запрело транспортот на нафта до Унгарија.

„Во текот на ноќта добивме вест дека нафтоводот „Дружба“ на руско-белоруската граница е повторно нападнат – по трет пат за краток временски период. Транспортот на нафта до Унгарија е повторно запрен“, рече Сијарто во објава на Фејсбук.

Сијарто оцени дека ова е „уште еден напад“ врз енергетската безбедност на Унгарија.

Слични содржини