Повторно поништено одобрението за градење на „Шпански скали“ на плоштадот Македонија

од Берта Китинска
300 прегледи

Градоначалникот на Општина Центар – Скопје, постапувајќи во повторна постапка, донесе Решение со кое се огласува за ништовно Одобрението за градење на објект со намена – комерцијални и деловни намени, од втора категорија, на ул.11-ти Октомври ББ во Скопје, КП бр.12069/6 и 13825/12, КО Центар 1, на инвеститорот ДТПУ “АМАДЕУС ДЕВЕЛОПМЕНТ” ДООЕЛ – Скопје.

Со ова, повторно се поништува одобрението за градење на инвеститорот во однос на градењето на таканаречените „Шпански скали“, кои требаа да никнат на порсторот кој се наоѓа на плоштадот Македонија.

Во донесеното решение е наведено дека инвеститорот не пријавил отпочнување на градба, согласно член 67 од Законот за градење, ниту пак отпочнал со градба во рок подолг од две години од правосилноста на одобрението, согласно член 66 став 1 од Законот за градење, според кој одобрението за градење престанува да важи доколку инвеститорот не почне со изградба во рок од две години од денот кога одобрението за градење станало правосилно.

Првично, Градоначалникот на Општина Центар – Скопје на 09.02.2018 година донесе Решение со кое се огласува за ништовно Одобрението за градење на објект со намена – комерцијални и деловни намени, од втора категорија, на ул.11-ти Октомври ББ во Скопје, КП бр.12069/6 и 13825/12, КО Центар 1, на инвеститорот ДТПУ “АМАДЕУС ДЕВЕЛОПМЕНТ” ДООЕЛ – Скопје, на кое инвеститорот поднесе жалба до второстепениот орган, а подоцна поведе и управен спор пред Управниот суд на Република Северна Македонија.

Слични содржини