Повторно поскапување – од полноќ нови цени на горивата

од Берта Китинска
188 прегледи

Од полноќ бензините ќе се продаваат по цена повисока за половина денар, а дизелот останува со непроменета цена.

Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи цената на Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98 и Екстра лесното масло за домаќинство да се зголеми за половина денар, а цената на дизелот да остане иста.

Согласно новата одлука, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 82,5 денари за литар, на Еуросупер БС-98 ќе биде 84,5 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава по дена од 73,5 денари за литар. Цената на дизелот останува 74 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,430 денар/килограм и сега ќе изнесува 46,921 ден.

Слични содржини