Повторно претера: Што се случува со лицето на Том Круз? (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Голем број јавни личности синоќа присуствуваа на забавата посветена на номинираните за Оскар 2023 година. Коктелот се одржа во познат хотел на Беверли Хилс, а меѓу гостите беа Кејт Бланшет, Колин Фарел, Џејми Ли Кертис, Том Круз и многу други.

Од хотелот блеснаа елеганција, гламур, но и стариот холивудски сјај, а најголемо внимание на јавноста привлече исончаното лице на Том Круз. Се чини дека актерот решил да го освежи својот изглед за оваа свечена пригода, а негувањето на природниот тен „тргнало наопаку“.

Да потсетиме дека Том Круз е „еден од најголемите обожаватели“ на естетските корекции и третманите со ботокс. Докторот по естетска медицина Најла Раџа еднаш остро ја критикуваше неговата „љубов“ кон третманите, бидејќи тие негативно се одразиле на неговиот физички изглед во неговите подоцнежни години.

„Изгледа дека Том претерал со инјекциите и филерите ботокс, што всушност имало негативен ефект врз неговиот изглед. Без внимателно разгледување на структурата на лицето на пациентот, резултатот од процедурата може да биде искривен и неприроден изглед на лицето“, изјавила таа за Daily Mail.

Слични содржини