Повторно променливо облачно, од пладне пороен дожд и грмежи

од Nikola Popovski
156 прегледи

Времето денеска се очекува да биде променливо облачно, при што од пладневните часово на места нестабилно со пороен дожд и грмежи, известија од уХМР.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и изолирана појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, од пладневните часови со повремен дожд и појава на грмежи и засилен ветер.

Температурата ќе достигне до 25 степени Целзиусови.

Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време, особено пообилни врнежи ќе има од утре кон деновите од викендот.

Слични содржини