Повторно протест против вакцинацијата во Љубљана

од Nikola Popovski

Во центарот на Љубљана, на платото пред зградата на парламентот, вечерва започна нов протест на противниците на ковид-потврдите и вакциналните сертификати, каде се собрале неколку илјади луѓе, пренесува Танјуг.

Некои од учесниците на протестот носеле државни знамиња, а некои пароли против владината политика и заострувањето на анти-епидемиските мерки, објави Хина.

Поради искуството од сличен непријавен протест, по што минатата среда беа употребени солзавци и водени топови против демонстрантите, овој пат полицијата ги зајакнала своите сили во центарот на главниот град на Словенија, како и заштитните мерки на зградата на парламентот.

По препорака на полицијата, пратениците го напуштиле парламентот во попладневните часови, по што била поставена заштитна ограда околу собраниската зграда.

Фото РТВ Словенија

Слични содржини