Фудбалерите на Манчестер Јунајтед и Ливерпул вечерва на „Олд Трафорд“ треба да го одиграат одложениот натпревар од 34.коло во Премиер лигата, а одржувањето на натпреварот повторно беше доведено во прашање поради протестот на навивачите.
Поддржувачите на „црвените ѓаволи“ ги блокираа автопатот и автобусот со играчи на Ливерпул во автомобили. Блокадата траеше скоро еден час, а најхрабрите дури се обидоа да ги дупнат гумите во автобусот
Сепак, екипата на Јирген Клоп, со асистенција на полицијата и припадниците на обезбедувањето, пристигна безбедно на стадионот.
Стотици навивачи на Јунајтед се собраа во близина на „Театарот на соништата“ барајќи оставка од сопственикот на клубот – семејството Глејзер.
Дуелот меѓу англиските великани првично беше закажан за 2 мај, но беше одложен поради упад на навивачите на стадионот и немирите околу „Олд Трафорд“.
Вечерашниот дуел е закажан за 21:15 часот.