По планираното техничко одржување, започна со работа гасоводот „Северен тек“, јавува агенцијата „Франс прес“, која се повикува на операторот.
Операторот на гасоводот Nord Stream AG претходно објави дека испораките на руски гас во Европа преку гасоводот Северен тек се очекува да продолжат во четврток по 10-дневниот прекин поради планираните работи за одржување на гасоводот, кои вклучуваа тестирање на механички компоненти и автоматизиран систем.
Претходно, шефот на германската Федерална агенција за мрежи, Клаус Милер, изјави дека испораката на гас од Русија преку гасоводот Северен тек во четврток, 21 јули, ќе изнесува 30 отсто од максималниот капацитет на гасоводот. Претходно тој рече дека ќе се искористат 40 отсто од капацитетот на гасоводот.
Компанијата Opal Gastransport GmBH – оператор на гасоводот Opal кој го прима гасот од „Северни тек“ објави и дека рускиот гасовод ќе работи само со капацитет од 40 отсто, како што беше пред ремонтот.