559
Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ беше нападнат од навивачите на Рома.
Тие скандираа „зингаро“ на поранешниот шведски репрезентативеца, што значи – циган.
Ибрахимовиќ не е првиот кој оваа сезона во Серија А го нарекуваат „циган“, откако навивачите ги навредуваа и Душан Влаховиќ, Синиша Михајловиќ и Калид Кулибали.
Златан Ибрахимовиќ го постигна водечкиот гол на гостувањето кај Рома во 26. минута, кога од слободен удар ја „скина“ мрежата.
Тогаш започна скандирањето на навивачите на Рома, кои постојано го навредуваа и го нарекуваа „циган“.
Ибрахимовиќ ги крена рацете и побара од хулиганите да бидат погласни, па се избори против ксенофобијата.
За тоа Златан доби жолт картон од главниот судија.