Цената на гасот во Европа денеска надмина 1.500 долари за 1.000 кубни метри, покажуваат податоците на лондонската „ICE берза“.
„Газпром“ соопштува дека испорачува гас преку Украина во согласност со барањата на клиентите, кој моментално изнесува 108,4 милиони кубни метри.
Договорните обврски на „Газпром“ за транзит на гас преку Украина во 2022 година изнесуваат 40 милијарди кубни метри или околу 109,6 милиони кубни метри дневно.
Вредноста на фјучерсите според индексот на најликвидниот „TTF“ центар во Холандија надмина 1.522 долари за 1.000 кубни метри гас, пишува „Срна“.
Цената на гасот е зголемена за 4,5 отсто од почетокот на трговијата.
Исто така, „Газпром“ на 1 април резервира дел од капацитетот на гасоводот „Јамал-Европа“ за транзит на гас низ Полска на дополнителна аукција, покажуваат податоците од аукциите на „GSA Platform“.
Во текот на ноќта компанијата резервирала 235.000 кубни метри гас на час транзитен капацитет од понудените 3,7 милиони / нешто повеќе од шест проценти од понудата /.
„Газпром“ ќе може да го користи овој волумен од шест часот по средноевропско време на 1 април до шест часот по средноевропско време на 2 април.
На редовната лицитација, која се одржа во вечерните часови на 31 март, компанијата не резервирала гас.