(ВИДЕО)Повторно се истепаа пратениците во турскиот парламент

од desk3
98 прегледи

Во турскиот Парламент синоќа повторно дојде до тепачка меѓу приврзаниците и противниците на контроверзниот предлог-закон за безбедност, со кој се предвидува зголемување на овластувањата на полицијата при претреси и апсења, пренесува Танјуг.

g_8980

Во очекување на дебатата по тој закон, си разменија тупаници припадниците на владејачката партија и опозицијата, при што еден опозициски пратеник падна по скалите.

Сликата беше реприза на онаа од ноќта на вторникот кон средата, кога петмина пратеници беа повредени во тепачката околу истиот закон, од кои двајца се здобија со повреди на главата.

Пред најновата тепачка во Парламентот, претставниците на опозицијата изнесуваа барања кои немале поврзаност со дневниот ред во траење од цели три часа, настојувајќи да го одложат почетокот на дебатата, пишува весникот „Хуриет“ во денешното електронско издание.

Турската опозиција стравува дека овој закон би можел да доведе до создавање полициска држава, под раководство на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.