Повторно случај на измамата „платете за да биде опериран ваш близок“

Таа со нејзиниот сопруг отишла на договореното место во Скопје, каде што ги предала парите на женско лице.

од desk2
194 прегледи

Засега непознати измамници „олесниле“ постара брачна двојка за сума од 20.000 откако претходно ја излажале жената дека ќерка ѝ е повредена во сообраќајка, па мора да плати ако сака итно да ја оперираат.

Имено, како што извести СВР Тетово, вчеравечер 76-годишна жена од Тетово пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 20.000 евра.

Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка била прегазена на пешачки премин и дека е потребно да плати за да биде оперирана.

Таа ги зела парите и со нејзиниот сопруг отишла на договореното место во Скопје, каде што ги предала парите на женско лице.

Откако се вратиле во домот во Тетово, виделе дека ќерката била таму, по што жената сфатила дека е измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини