Повторно соборен „црниот рекорд“ – што се случува во Италија?

од Vladimir Zorba

Во Италија, во последните 24 часа се регистрирани рекордни 10.925 нови случаи на Ковид 19, а 47 пациенти починале, објави Министерството за здравство.

Ова е втор ден по ред што се забележува најголемо дневно зголемување на бројот на новоинфицирани од почетокот на пандемијата.

Италија беше најтешко погодената земја во Европа во првиот бран на епидемијата минатата пролет, и со 36.427 смртни случаи е на второто место по Велика Британија, пренесува Ројтерс.

Слични содржини