Повторно тензии во Собрание, пратениците тропаа по маси: „Ова ни во Северна Кореја го нема“

од Берта Китинска
290 прегледи

Во моментов во собарнието повтроно се одржува седница на Комисијата за европски прашања, каде вчера имаше инцидент.

Координаторот на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски реагираше бидејќи потпретседателката Арта Биљали Зендели смета дека дневниот ред е усвоен, а тие тврдат дека не се гласало за него.

Пратениците од опозицијата започнаа да удираат по масите со раце и шишиња на масите.

-Ова ни во Северна Кореја го нема срамота е ова што го правите, извинете се и кажете колеги ова не можам да го правам, кажа Мицевски кој побара расправа и седницата да тече процедурално, тој посочи дека вчера имале физички инцидент, а денеска имаат вербален инцидент.

Зендели по говорот на Мицевски даде пауза од 30 минути.

Слични содржини