Фото клуб Куманово   и оваа година со вториот по ред фестивал на уметничка фотографија „Малински Фото Фестивал“.

poster za mediumi

Фото Клуб Куманово со гордост ви го најавува вториот „Малински Фото Фестивал“ кој ќе се одржи следната недела на 06 јуни (сабота) на пет локации во Куманово. На овогодинешниот настан, ќе земат учество 200 партиципиенти, интернационални и домашни реномирани фотографи, како и ученици аматери. Збирката која ќе биде прикажана пред кумановската јавност, содржи над 290 изложбени фотографии во колор и црно –бела техника, распоредени на пет различни локации во градот, односно шест различни изложби и шест фото проекции. Програмата се состои со две самостојни изложби, една меѓуклупска изложба, една клупска изложба, една изложба на ученици, една изложба на фотографии минијатури и проекции од истакнати домашни и странски фотографи.

На самостојните изложби со своите дела, ќе се претстават Зоран Ѓорѓевиќ реномиран фотограф од Србија, во просториите на Уметничка галерија – Куманово и Предраг Поповски од Македонија, со своето прво самостојно излагање, во просториите на Фото клуб Куманово. Меѓуклупската изложба „Круг“ ќе биде поставена во салата на НУКЦ „Трајко Прокопиев“ – Куманово, со изложени 51 од најдобрите фотографии на членовите од Фото клуб Куманово и Фото кино клуб Битола. Поради соработката на Фото клуб Куманово и средното техничко училиште „Наце Буѓони“ – Куманово, тука во холот на „Трајко Прокопиев“ ќе бидат изложени и фотографии на ученици кои зедоа учество во заедничкиот проект, курс по фотографија. Клупската изложба „Тумба“ ќе биде поставена во просториите на Уметничка галерија – Куманово, со фотографии од сите членови на Фото клуб Куманово. Со изложбата на минијатури насловена како „Best of the best“ , на која ќе бидат изложени над 80 фотографии од најдобрите светски фотографии во црно –бела и колор техника во мал формат и оваа година ќе биде отворен фестивалот, во кафулето „Галерија“ кое се наоѓа во „Касапски круг“ во Куманово. Шесте фото проекции ќе бидат прикажани во фоајето на Народен театар Куманово, каде ќе се претстават проекциите на Лили Марковиќ од Србија, Хулки Муради од Турција, Риланд Хоџа од Македонија, Александар Наумчевски од Македонија, Кирил Штрков од Македонија и Ахмед Абдулазим од Египет.

Програмата и локациите посетителите можат да ги погледнат и на официјалниот сајт на Малински Фото Фестивал: malinski.photoclubkumanovo.com

Слични содржини