Повторно висок број на новоинфицирани: 254 граѓани се заразиле по втор пат, а двајца по трет пат

од Nikola Popovski
333 прегледи

Од 6.119 тестови, регистрирани се 2.019 нови случаи на КОВИД-19, соопшти доцна попладнево Министерството за здравство.

Најновиот ковид-биланс по градови изнесува: Скопје – 968, Битола – 150, Кавадарци – 104, Куманово – 75, Тетово – 71, Прилеп – 64, Велес – 62, Струмица – 61, Гевгелија – 48, Кочани – 45, Охрид – 41, Штип – 38, Гостивар и Ресен – по 33, Неготино – 31, Радовиш – 27, Струга – 26, Кичево – 24, Свети Николе и Делчево – по 18, Валандово – 13, Берово – 12, Виница и Богданци – по 10, Крива Паланка – 9, Крушево, Демир Хисар и Македонски Брод – по 5, Кратово – 4, Пробиштип, Пехчево и Дојран – по 2, Дебар, Македонска Каменица и Демир Капија – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (2.019), регистрирани се 254 реинфекции, од кои две се втора реинфекција.

Регистрирани сe 973 оздравени пациенти од: Скопје – 558, Охрид – 87, Битола – 70, Куманово – 38, Струга – 29, Струмица – 26, Прилеп – 25, Кавадарци – 20, Штип – 19, Тетово – 15, Гевгелија – 11, Ресен – 9, Кичево и Крива Паланка – по 8, Гостивар – 7, Велес, Радовиш и Крушево – по 6, Дебар – 5, Свети Николе и Берово – по 4, Кратово – 3, Кочани и Валандово – по 2, Виница, Богданци, Демир Хисар, Пробиштип и Демир Капија – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.762.045 тестирања на КОВИД-19.

Слични содржини