Повторно високо ниво на загаденост на воздухот во Македонија

од desk4
99 прегледи

Mерните станици на Mинистерството за животна средина повторно покажуваат високо ниво на загаденост на повеќе локации во Скопје и во останатите градови низ државата.

Во изминатите 24 часа, мерните станици регистрирале рекордна концентрација од  636 микрограми ПМ10 честици на метар кубен кај Ректорат, а голема загаденост имаше и во населбата Лисиче.

Во Битола биле измерени 309 ПМ10 честици на метар кубен, во Велес 248, Струмица 243, Миладиновци 219, Гостивар 211, Куманово 182.