Повторно загадено во Тетово и Гостивар, стапуваат на сила мерките и препораките

од Nikola Popovski

Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека на мерните места во Тетово и Гостивар е надминат прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри.

– Согласно Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 мg/m3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, Ве информираме дека истиот е надминат на мерните места во Тетово и Гостивар, информираат од МЖСПП.

Од тој аспект Министерството за животна средина и просторно планирање препорачува:

  • Возила да не се користат без поголема потреба,
  • Повеќе лица да се возат со едно возило во исто време,
  • Да се користи јавниот превоз,
  • Да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал,
  • Правилно да се користат печките за дрва.

Дополнително, препорака на Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија е најранливата популација (деца, стари лица, болни од хронични болести на белодробниот и срцевиот садовен систем, со посебен ризик за болните од бeлодробна астма) да го ограничат движењето и активностите на отворен простор во загадените зони на градот.

Слични содржини