Веќе девет работни денови по ред пристигнуваат закани за експлозивни направи на адресите на објекти во Македонија. Повторно мета на пријавувачите се повеќе училишта во Скопје.
Во тек е евакуација на гимназиите „Јосип Броз Тито“ и „Никола Карев“, a во некои училишта учениците уште нестигнати на првиот училишен час, веќе мораат да се враќаат назад во своите домови за да учествуваат на онлајн-настава.
Вчера пријави за наводно поставена експлозивна направа имаше во 120 училишта во Скопје, а по проверките беше утврдено дека станува збор за лажни пријави. Закани за бомби пристигнуваат од 26-ти октомври 2022 година, кога во земјава пристигна шефицата на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен.
Министерството за образование и наука предложи во оние училишта каде има дојави за бомби наставата да се спроведува онлајн.