Повторно закани за бомби во неколку скопски училишта

од Nikola Popovski

Нови закани за бомби во скопските училишта откако денеска на адресите на четири школи стигнале мејлови со дојави.

„Денеска во СВР Скопје околу 9.30 часот е пријавено дека на електронска адреса на четири училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштуваат од МВР.

Сите досегашни закани полицијата ги провери и ги квалификува како лажни.

Во изминатите неколку недели постојано средните училишта во градот Скопје се на удар на хакерски напади од страна непознати лица по кои полицијата се уште трага.

Слични содржини