Нови дојави за бомби се регистрирани денес во неколку скопски средни училишта. Нови дојави за бомби пристигнале во „Јосип Броз Тито“, „Владо Тасевски“, „Никола Карев“, „Раде Јовчевски Корчагин“, „Орце Николов“…
Учениците и наставниците веднаш биле евакуирани, со што во прекин е втората смена од наставата.
Екипи на МВР вршат детална проверка на објектите.
Ова е веќе 10-ти ден како училиштата примаат заканувачки мејлови. Последниот пат кога училиштата добија закани беше на 16-ти ноември. Првата дојава се случи истиот ден кога во посета на земјава беше претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен.
Сите дојави за бомби досега беше утврдено дека се лажни.
Засега нема индиции кои се можните сторители, иако полицијата и надлежните институции работат на откривање. Се претпоставува дека станува збор за хибридни закани.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, неодамна запрашан дали има симболика тоа што дојавите на бомби се случуваат само во среда, четврток и петок, рече дека не само што се случуваат во последните три дена во работната недела туку дека тие се случуваат кога наставата ја следи една иста смена со ист наставен кадар.