Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 20.01.2016 година, не се издадени потврди на странски државјани за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, стои во сооштението на МВР

Македонслата полиција ја синхронизира својата работа со пропустливост на бегалците според оние во друготе европски држави. Застојот е дефиниран кај Словенија и Австрија, поради што и на нашата јужна граница не се пропуштаат мигранти. Очевидци јавуваат дека се зголемува бројот на бегалците , а од грчка страна како да е тргната контролата на грчката полиција.
Балканските граници стануваат речиси непроодни за илјадниците мигранти од Африка и Блискиот исток. Македонија ја затвори границата кон Грција. Чешка и Унгарија предлагаат „резервен систем“ во Македонија и Бугарија, пишува Дојче веле
Македонија ја затвори границата кон Грција за премин на мигранти, потврди полицијата во Скопје, со што е блокиран патот на стотици луѓе кои секојднево се обидуваат да заминат кон северна Европа.
Агенцијата Франс Прес цитира изјава на висок полициски функционер во Македонија кој потврдува дека границата е затворена. Полициски портпарол во северна Грција тврди дека, всушност, границата била затворена уште од вторникот вечерта, поради што околу 600 мигранти останале заглавени на границата.
Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 до 24,00 часот на 20.01.2016 година, издадени се потврди на вкупно 35.917 странски државјани, од кои 15.106 се од машки пол, 7.726 се од женски и 12.984 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 101 дете кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-17.922, Авганистан-11.448 и Ирак-6.544. Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 20.01.2016 година, до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 година до 24,00 часот на 20.01.2016 година, до Секторот за азил поднесени се пет барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на шест малолетни лица од кои пет од Авганистан и едно од Сирија.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 20.01.2016 година евидентирани се вкупно 29 баратели на азил од кои 26 мажи, една жена и две деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, девет баратели на азил ( еден мажи, една жена, три малолетни лица со придружба на старател и четири малолетни лица без придружба на старател ) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.
