Пожар и на Водно, пожарот во „Јасен“ уште не е изгаснат

од desk2
15 прегледи

Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), до 18 часот во земјава се евидентирани вкупно 19 пожари на отворен простор, од кои 3 се активни, а 16 се изгаснати.

Продолжува пожарот во резерватот „Јасен“, а пожар има и на Водно. Третиот активен пожар е на борова шума кај селото Слупчане.

🔥 АКТИВНИ (3)
-Општина Македонски Брод – Повеќенаменско подрачје „Јасен“ (мешана шума)
-Општина Липково – с. Слупчане (борова шума)
-Општина Центар – Парк шума Водно (сува трева)
🟢 ИЗГАСНАТИ (16)
Општина Липково – с. Лојане (борова шума)
Општина Студеничани – с. Драчевица – с. Цветово (мешана шума и ниска вегетација)
Општина Бутел – с. Љубанци (ниска вегетација и мешана шума)
Општина Гази Баба – с. Инџиково (сува трева)
Општина Аеродром – ул. Лисец во Горно Лисиче (сува трева, ѓубре и помошни простории)
Општина Прилеп – с. Ерековци (сува трева)
Општина Ресен – с. Претор (сува трева)
Општина Ресен – м.в. Макази (сува трева)
Општина Струга – с. Долна Белица (стрниште)
Општина Дебар – град Дебар (сува трева)
Општина Чашка – помеѓу с. Согле и с. Богомила (нискостеблеста деградирана шума)
Општина Чашка – с. Стари Град (грмушки, сува трева и бандера)
Општина Штип – н. Железничка (ѓубре)
Општина Кочани – с. Оризари (сува трева)
Општина Куманово – с. Романовце (стрниште и сува трева)
Општина Јегуновце – помеѓу с. Рогачево, Јажинце и Долно Орашје (нискостеблеста мешана шума)

Слични содржини