224
Во пожар кој најверојатно бил подметнат загинаа девет лица на голем пазар во Толука, петтиот по големина град во Мексико, соопштија властите доцна синоќа.
Едно лице е повредено и пренесено во болница, соопштија властите на градот, кој се наоѓа на околу 65 километри западно од главниот град на Мексико.
Пазарот Толука е втор по големина во Мексико, со 26.000 посетители дневно, според локалната власт.
Се додава дека пожарот би можел да биде подметнат поради внатрешни расправии меѓу продавачите, бидејќи и претходно биле евидентирани инциденти.