Најмалку 11 лица се повредени во голем пожар што избувна денеска во магацинот на електронската трговска компанија „Озон“ во градот Истра кај Москва, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на неименуван претставник на итната помош.
Две лица се префрлени во болница, а деветмина добиле помош на лице место.
Според последните информации од Министерството за вонредни состојби, пожарот зафатил површина од 50.000 метри квадратни, а се претпоставува дека причините за пожарот се запалена и неисправна електрична опрема.
Во гаснењето на пожарот учествуваат повеќе од 80 лица, а на местото се испратени два хеликоптера.