253
Пожар избувна рано утринава во ресторан на швајцарските Алпи, на надморска височина од 3.000 метри, а за гаснење се испратени хеликоптери, соопшти денеска полицијата.
Густ чад извира од горните катови на ресторанот „Бота“, дизајниран од швајцарскиот архитект Марио Бота, кој се наоѓа на врвот на глечерот Ле Диаблер на 3.000 метри источно од Женевското езеро, извести фоторепортер на „Ројтерс“.
Покрената е истрага за утврдување на причините за пожарот.