Во пожар кај локалитетот Кокино, во Старо Нагоричане кумановско, денеска изгореле околу 600 хектари квалитетна борова, дабова и букова шума. Eвакуирани се и дел од жителите.
Од Куманово ЦУК известува дека пожарот што се простира на тромеѓето помеѓу селата Степанце, Жегљане и Малотино сѐ е уште активен. Со пожарот е зафатена нискостеблеста шума, сува трева, црн бор, и багрем на поголема површина. Во гаснењето на пожарот интервенираат пожарникари од Старо Нагоричане, Куманово, Ранковце и од Куманово, 3 лица од месното население. Од утрово во гаснењето на пожарот е вклучен и хеликоптер на АРМ. На теренот има ветер со променлив правец и пожарот се шири.
Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов информира дека во текот на денешниот ден, 2 противпожарникарски екипи беа на испомош во Старо Нагоричане.