ПОЖАР НА МУНДИЈАЛОТ во КАТАР: Густ чад над „навивачкото село“ (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Драма во „навивачкото село“ во близина на стадионот „Лусаил“ во Катар, откако во непосредна близина избувнал пожар.

Имено, како што пренесува „Сан“, во близина се издигнал голем густ чад. Се уште не е утврдено како се случило тоа.

Ова се случило во „навивачкото село“ наречено „северен остров Кетаифан“. Добрата вест е што нема повредени, а властите истакнале дека пожарникарите го „контролираат“ пожарот во зградата.

Важно е пожарот да е локализиран и се да оди во најдобар ред.

Стадионот денеска треба да биде домаќин на натпреварот помеѓу Аргентина и Мексико.

Слични содржини