Пожар во Археолошкиот музеј на Македонија

од desk4
79 прегледи

Противпожарни екипи попладнево интервенирале во Археолошкиот музеј на Македонија, откако, според првичните информации, мал пожар избил во подземните простории поради дефект со инсталација.

Пожарникарите брзо го локализирале и целосно го изгаснале пожарот и не е причинета поголема материјална штета.