Пожар во близина на популарно летувалиште во Турција, 1.600 пожарникари на терен (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
185 прегледи

Во близина на летувалиштето Мармарис, на југозападот на Турција, гори пожар кој пожарникарите го гаснат со помош на авиони и хеликоптери, јавуваат денеска локалните власти и медиумите.

Пожарот избувна синоќа во регионот Бордубет и поради силниот ветер брзо се прошири, јави „Анадолија“.

Превентивно се евакуирани околу 30 куќи, пренесе агенцијата DHA. Засега не е позната причината за пожарот.

Пожарот го изгаснале 1.600 пожарникари, вклучително и екипи донесени од околните места. Во акцијата учествувале 20 хеликоптери и 14 авиони, јавува „Анадолија“.

Овој шумски пожар повторно ги разбуди стравувањата од повторување на минатогодишните пожари кои опустошија десетици хектари шума низ целата земја.

Пожарите од минатото лето беа најинтензивни во Турција досега, а Медитеранот стана жариште на шумски пожари. Владата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган беше критикувана дека не е подготвена да се бори со пожарите. Тие одговорија дека пожарите се најлошите во турската историја.

Слични содржини