Пожар во центарот на Скопје, изгоре ресторан кај Клиника, постои сомнеж дека е подметнат

од Љубиша Владимиров
3,1K прегледи

Рано утрово, во близина на Клиничкиот Центар во Скопје, избувна пожар кој целосно зафати угостителски објект. Станува збор за ресторан лоциран во општина Центар.

Пожарот бил пријавен во СВР Скопје околу 03:00 часот, по што екипа од Бригадата за противпожарна заштита веднаш интервенирала и го изгаснала огнот. За среќа, нема повредени лица.

Според првичните информации, постои сомневање дека пожарот можеби бил подметнат. Надлежните служби извршија увид на местото на настанот и се работи на утврдување на причините за избувнувањето на пожарот.

Слични содржини