Пожар во Чаир поради кабел преку кој се крадела струја

од Nikola Popovski
572 прегледи

Пожар зафати бандера на ЕВН и куќа на 63-годишен скопјанец во населбата Чаир. Пожарот бил предизвикан, но било утврдено дека избувнал преку кабел кој бил диво приклучен на бандерата и со него се вршела кражба на струја.

На 08.08.2025 во 19:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на Чаир во Скопје настанал пожар на бандера сопственост на ЕВН Македонија и куќа сопственост на С.К.(63) од Скопје.

Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Екипа од ЕВН излегла на местото било констатирано дека со кабелот, кој го предизвикал пожарот, била вршена кражба на електрична енергија, се наведува во полицискиот билтен.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Слични содржини