Пожар во фирма, изгореа три автомобили и вилушкар

од Nikola Popovski
203 прегледи

Во текот на вчерашниот ден дошло до голем пожар во фирма од Скопје, при што изгореле три автомобили.

Според полицискиот билтен, во фирма на ул. „Јадранска магистрала“, сопственост на Ж.М. (55), изгореле патничкото возило „рено канго“, возило „фолксваген кеди“, возило „фиат добло“, сите со скопски регистарски ознаки и вилушкар.

Пожарот бил изгаснат од Скопската противпожарна бригада. Нема повредени лица.