Пожар во германска зоолошка градина, угинаа многу животни

од Vladimir Zorba
183 прегледи

Во пожар кој избувнал во зоолошка градина во германскиот град Крефелд во првите часови од Новата година угинале голем број животни, соопштија денеска локалните власти кои не ги коментираа наводите на медиумите дека огнот го предизвикал новогодишен огномет.

Изгорел цел објект со мајмуни и сите животни кои биле во него се мртви, соопштија претстaвници на зоолошката.

Се уште не се знае причината за пожарот, а во тек е истрага за несреќата.