306
Четиринаесет лица, меѓу кои осум деца, беа повредени, а две лица загинаа во пожар во Москва кој избувна во раните утрински часови денеска, објавија властите.
Во моментот на пожарот, во зградата имало околу триста луѓе во југоистокот на руската престолнина. Причината за пожарот сè уште не е позната.
Државниот обвинител објави дека хотелот има неисправен систем за гаснење пожар и дека е започната истрага за инцидентот, пренесува „24сата.хр“.