258
Неколкумина вработени од затворот „Идризово“ се повредени по пожарот кој синоќа избувнал во женското одделение. Вработените како затворски полицајци завршиле на Клиниката за Токсикологија. Засега не е позната нивната здравствена состојба.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.
МВР извршило увид.
-Вчера во 19.55 часот во СВР Скопје од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека во затворениот дел од женското одделение настанал пожар во една од просториите, соопштија од полицијата.