Пожар во кавадаречко, горат корења од патлиџани

од Nikola Popovski
358 прегледи

Градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев попладнево информира дека има активен пожар во кавадаречкото с.Рибарци.

Според него, пожарот првично е намерно запален за да изгорат корења од патлиџани, но излегува од контрола.

Случајот е пријавен во МВР.

Над 50 пожари на отворен простор, од кои повеќето не се прошириле благодарение на брзата и пожртвувана интервенција на пожарникарите имало вчера на територијата на земјава, информираат од ЦУК. Денеска, до овој момент, додаваат оттаму, нема активни пожари.

Во текот на вчершниот ден имало пожари во скопскиот регион, охридскиот, струшкиот и велешкиот. Повеќе пожари имало и во Кумановско, Радовишко, Виничко, како и во атарите на Старо Нагоричани, Крива Паланка и Ранковце. Во Дојран и свети николе интервенирале хеликоптерските единици на МВР при што на двете места биле исфрлени над 50 тони вода.

Слични содржини