Пожар во Лос Анџелес, евакуирани 100.000 луѓе

од desk2
135 прегледи

 

Околу 100.000 луѓе евакуирани се од своите домови во Лос Анџелес, поради пожар кој гори во долината Сан Фернандо, соопштија властите.

Огнот носен од ветар по должина на северниот дел на Лос Анџелес, уништи најмалку 25 куќи, а 23.000 куќи се под наредба за евакуација.

Пожарот почнал во четвртокот во 21 часот и зафатил површина од 18 километри до утрово.

Не е под контроа и се заканува дека ќе ги зафати куќите.

Затворени се училиштата и универзитетите, а сообраќајот на главните патишта е сопрен.