Пожар во „Охис“, гори оџак

од Nikola Popovski
290 прегледи

Пожар беснее во поранешната фабрика ОХИС во Скопје, информираше Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Како што појаснуваат оттаму, пријавата за пожарот ја добиле преку телефонскиот број за итни случаи 112, а опожарен е оџак и дрвна маса во еден од објектите на фабриката.

„Од Е-112 во ЦУК е добиена пријава за пожар во поранешената Фабрика ОХИС, каде што е опожарен оџак и дрвна маса во еден од објектите на истата. Известени се БППЗ на град Скопје“, стои во соопштението на ЦУК.

Слични содржини