Пожар во семејна куќа, две лица завршиле во болница

од Vladimir Zorba
56 прегледи

Вчера во 10:16 часот во СВР – Скопје, скопјанката Е.Ј.С. пријавила дека на улицата „Александар Македонски“ настанал пожар во семејна куќа.

Таа била сопственост на Е.С., 49-годишно лице од Скопје. Во куќата се наоѓале нејзиниот 12-годишен син и нејзината мајка, В.Ј. По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници при СВР – Скопје, двете лица биле безбедно извлечени од куќата и со Итна медицинска помош, истите биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, заради вдишување чад, заедно со уште еден полициски службеник, кој исто така вдишал чад. Повредени лица нема.

Од Бригадата за противпожарна заштита, пожарот бил изгаснат. За настанот бил известен јавен обвинител. Увид бил извршен од увидна екипа од СВР – Скопје.

Слични содржини