Пожар во штипската населба „Радански пат“

од desk4
183 прегледи

Изгоре дел од покривната конструкција од домот на семејството Сулејманови во штипската населба „Радански пат“.

Командирот на смена во ТППЕ-Штип, Тони Ѓоргиев вели дека пожарот избувнал претпладнево, а на терен излезгле осум пожарникари со две возила.

Тој посочи дека пожарот е локализиран во 13 часот и за среќа нема повредени.

Според првичните информации се претпоставува дека пожарот настанал од неисправна електрична инсталација или неисчистен оџак.