Пожар во црква во Каиро, загинаа најмалку 41 лица

од Vladimir Zorba

Египетската коптска црква објави дека најмалку 41 лице загина, а најмалку 14 се повредени во пожар во црква во Каиро денеска.

Беше објавено дека пожарот ја зафатил црквата Абу Сефеин во густо населената област Имбаба.

Причината за пожарот се уште не е позната. Полицијата соопшти дека од првичната истрага било констатирано дека пожарот најверојатно бил предизвикан од краток спој на електричните инсталации.

На местото на настанот се испратени 15 противпожарни возила за да го изгаснат пожарот, а возилата на брзата помош ги пренеле повредените во блиските болници.

Во соопштението се наведува дека пожарот избувнал за време на литургијата во неделата наутро.

Коптските христијани сочинуваат околу 10 отсто од претежно муслиманското население во Египет.

Слични содржини